Бајиќ: Сакам да им дадам шанса на играчи како Симиќ и Маслинко, можеби ќе трпат резултатите, но младите треба да играат

Кошаркарите квалификациите за СП 2023 година ги започнуваат в петок против светскиот шампион/фото: Слободен печат

Кошаркарската репрезентација на Македонија во петок (19.30 часот) против селекцијата на Шпанија ги започнува квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи 2023 година.

Селекторот Драган Бајиќ уште на стартот од подготовките се соочува со големи проблеми поради повреди и откажувања на неколку стандардни кошаркари.

Бајиќ не може да смета на најдобриот кошаркар Ненад Димитријевиќ како и на Љубомир Младеновски, Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски кои се повредени или болни. Исто така Бајиќ против Шпанија и
Украина во првите две кола од квалификациите ќе мора да игра без Лејсон Зекири кој не се јави на повикот, Андреј Јакимовски кој е во САД

– Уште на самиот почеток од подготовките останавме без неколку играчи. Лејсон Зекири не се јави на повикот, Младеновски дојде на собирот, но имаше проблеми со вирус, па голем е ризикот да го впуштиме во овој натпревар, затоа што може да ја зарази екипата. Ѓуроски исто така дојде, почувствува болки во мускулот, ги направивме сите прегледи и тој исто така нема да помогне. Тука сигурно ни фалат пет играчи, кога ќе видиме дека ги немаме Стојановски, Димитријевиќ и Јакимовски. Доколку беа со нас, можеби ќе го почнеа натпреварот против Шпанија. Задоволен сум од подготовките кои ги одработивме, нема потреба јас да ги мотивирам играчите за натпреварот со Шпанија, туку тие самите. Кошаркарите знаат како треба да се однесуваат кон овој дрес. Без разлика во кој состав доаѓа, Шпанија е силен тим. Тука е и селекторот Скариоло. Но, како што кажав претходно, сум победувал посилни со послаби тимови, а самото играње за Македонија е доволен мотив за сите кошаркари. Влегуваме во овој дуел со самодоверба, не смееме да губиме многу топки, да ја сопреме транзицијата на противникот и да играме меч со малку поспор ритам – изјави Бајиќ на денешната прес-конференција.

Селекторот се одлучи шанса да им даде на помладите кошаркари како Теодор Симиќ и Андреј Маслинко, додека за ноемврискиот квалификациски циклус не смета на Бојан Крстевски кој беше капитен на репрезентација во претквалификациите кои се играа летово во Скопје.

– Од моето доаѓање имав една цел, подмладување и давање шанса на младите играчи. Трајковски испочитува се што му дадов како задача на претквалификациите, го даваше максимумот. Но, сега тој не е на високо ниво и одлучив шанса да им дадам на помладите. Доколку сè уште играме со тие играчи како Трајковски, Крстевски, Стојановски кога ќе добијат младите шанса. Доколку не му дадам шанса на Теодор Симиќ кој има 18 години може и да го загубиме. Сакам да им дадам шанса на играчи како Симиќ, Маслинко…Некој пат можеби е подобро да трпи резултатот, но да им дадеме шанса на младите,.
Жал е што го нема Нено, Јакимовски кој е во САД, но мора да градиме иднина. Не важно дали јас ќе бидам тука или не, важна е репрезентацијата – вели Бајиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот