Бајден: Нашата земја не ја поддржува независноста на Тајван

Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата земја не ја поддржува независноста на Тајван, откако на претседателските избори на островот победи Лаи Чинг-те, познат како Вилијам Лаи, објавија светските медиуми.

„Ние не ја поддржуваме независноста“, рече Бајден.

САД не го признаваат Тајван како држава и ја сметаат Кина за единствената легитимна влада, но сепак на островот му обезбедуваат голема воена помош.

Администрацијата на Бајден стравува дека изборите, транзицијата и новата администрација ќе ескалираат во конфликтот со Пекинг.

Бајден работеше на непреченост на односите со Кина, вклучувајќи го и согласувањето да разговара преку разликите во врска со безбедносните прашања на самитот во Калифорнија со претседателот Си Џинпинг во ноември.

Кина беше лута во 2016 година кога тогаш новоизбраниот претседател Доналд Трамп разговараше телефонски со претседателот Цај Инг-вен од Тајван.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен (Ентони) им ја честиташе победата на кандидатот Лаи Чинг-те, како и на народот на Тајван за нивниот „цврст демократски систем“ по претседателските избори.

Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Лаи Чинг-те е победник на денешните претседателски избори во Тајван, според речиси целосно преброените гласовите, а неговите противници веќе го признаа поразот.

Гласачите денеска избраа нов претседател на Тајван и нов состав на Парламентот. Досегашниот потпретседател Лаи Чинг-те, од владејачката Демократска прогресивна партија, освои 40,2 отсто од гласовите, според официјалните резултати, врз основа на преброените материјали од 98 отсто од избирачките места.

Кина пред изборите оцени дека Лаи претставува сериозна опасност поради неговите ставови во прилог на независноста на Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

Инаку новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те познат како Вилијам Лаи, по победата на денешните претседателски избори изјави дека ќе го заштити островот од „кинеските закани и заплашувања“.

Новиот тајвански претседател: Ќе го заштитиме Тајван од постојаните закани и заплашувања на Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот