Бабиќ: Ќе дадеме сè од себе за да победиме

Е. Пелистер и Татабања и минатата сезона играа заедно во групната фаза /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер (18.45 часот) ќе се обидат да дојдат до втората победа по ред во Лигата на Европа и тоа против добро познат ривал, Татабања.

Битолчани и унгарскиот тим и минатата сезона играа заедно во групната фаза и на двата натпревари славеше Еурофарм Пелистер (21:19, 24:21).

Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ смета дека Татабања е квалитетна екипа и очекува голема борба и триумф на неговите ракометари.

– Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија во тимот. Тоа може да се види и во нивните победи во последните натпревари. Можеме да очекуваме еден противник кој игра долг напад, трпеливо, кој има силна надворешна линија која долго време игра заедно. Противник кој е цврст во одбрана, кој добро трча, особено по левата страна и пред сè тим со одличен тренер на клупата. Типичен европски тим.
Моите играчи имаат огромна желба, посветени се, фокусирани и спремни. Во спортот постојат добра форма и моменти во кои исто така работите, но резултатите се различни. За жал кај нас мерило се само резултатите, знам по себе и по другите колеги. Ние сите истоветно работиме, но понекогаш ќе испадне добро, а некогаш не. Задоволни сме и среќни од бодовите освоени на гостински терен, на добар пат сме, имаме добра ситуација и ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа  – смета Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот