Азар: Не сакам да зборувам за Реал

EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Фудбалерот на Челси, кој моментно со белгиската репрезентација се подготвува за вечерашниот дуел со Кипар е изморен од прашањата околу неговата иднина и трансферот во Реал Мадрид.

Азар неколку месеци се поврзува со трансфер во Реал, а со враќањето на тренерската позиција на Зинедин Зидан шпекулациите зачестија. Сето тоа му пречи на Белгиецот чиј фокус р кон вечерашниот дуел со Кипар.

„Не сакам да зборувам за Реал Мадрид. Ништо не се случило. Тоа за што сега размислувам се само настапите за репрезентацијата, ништо друго не ме интересира“, вели Азар.

Сепак, англиските медиуми објавуваат дека договорот за преселба на Азар во Реал Мадрид е пред реализација. Челси би требало да добие 115 милиони евра како обесштетување, што е огромна сума за играч на кого договорот му истекува во 2020 година, а самиот фудбалер би добил годишна плата од 16.5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот