Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин

Џо Бајден и Владимир Путин
Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: Колаж на Слободен печат

 Австрија е подготвена да биде домаќин на разговори на високо ниво, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

„Ако Русија и САД одлучат да одржат претседателски самит, тоа е за пофалба. Се разбира, Австрија е секогаш достапна за какви било преговори на високо ниво”, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена.

Во исто време, австриското МНР истакна дека местото и времето на самитот зависи од двете вклучени страни. На 12 април рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден остварија телефонски разговор кога разговараа за бројни регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и желбата на страните да продолжат со дијалогот за стратешка стабилност.

За време на разговорите, Бајден му понуди на својот руски колега да се одржи состанок во неутрална држава. Белата куќа соопшти дека самитот може да се одржи ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот