Австралиски водител е убеден дека СИН МУ Е РЕИНКАРНАЦИЈА НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА!

Последниве денови насловните страници на светските медиуми ги полни австралискиот водител Дејвид Кемпбел, кој тврди дека неговиот четиригодишен син Били е реинкарнација на принцезата Дијана, пишува Express.

Дејвид вели дека тој и неговата сопруга го тестирале синот и дека момчето изненадило со деталите што ги знае за животот на принцезата. Меѓу другото му покажувале фотографии од различни дворци и го прашувале кој од нив е Балморал, а момчето го погодило дворецот во кој Дијана престојувала со своето семејство.

Били со својата сестра/Instagram
Принцезата Дијана со нејзиниот брат/Profimedia

Најстрашно од оваа приказна е што момчето тврдело дека секоја ноќ по него доаѓаат духови и дома го враќаат дури рано наутро.

„Били не спиеше добро, а кога Лиса го праша зошто, одговори: Затоа што доаѓаат и ме земаат. Би покажувал кон покривот и додавал: Но, ме враќаат до утрото, раскажува Били кој има уште две деца.

„Сè почна кога некој на мојата сопруга ѝ дал картичка со фотографија на принцезата Дијана. Били тогаш имаше две години и покажа на фотографијата велејќи: Види, тоа сум јас кога бев принцеза. Тогаш еден ден дојдоа сирените и јас веќе не бев принцеза“, раскажува Дејвид.

После тоа повторно ги шокирал родителите кога детално го опишал дворецот Балморал и раскажувал за пријателите кои таму го посетувале. Не им е јасно од каде толкаво знаење за кралското семејство, со оглед што на таа тема дома разговараат многу ретко, пренесува Daily Mail.

Дејвид раскажува дека неговиот син зборувал за братот на Дијана, Џон, кој починал како бебе само неколку часа по раѓањето, пишува The Sun.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот