Австралиската влада ја наведе коалата како загрозен вид

Коала во Австралија/ Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Австралиската влада официјално ја наведе коалата како загрозен вид по падот на нејзиниот број поради расчистувањето на земјиштето и катастрофалните шумски пожари, кои го намалија нејзиното живеалиште.

Министерката за животна средина Сузан Леј ја прифати препораката на научниот комитет за загрозени видови дека на популациите на коала во Квинсленд, Нов Јужен Велс и Австралиска Престолнинска Територија треба да им се подобри статусот на зачувување.

Ова доаѓа откако владата на Морисон минатиот месец одобри 50 милиони долари за помош на овој вид животно. Финансирањето беше поздравено од еколошките групи, но беше опишано како „капка во океанот“, доколку не се решат основните причини за падот на видот.

– Ја зголемувам заштитата на коалите во Нов Јужен Велс, Австралиската Престолнинска Територија и Квинсленд, наведувајќи ги како загрозени наместо нивната претходна ознака на ранливи – изјави Леј.

– Влијанието на продолжената суша, летните шумски пожари и влијанијата од болестите, урбанизацијата и губењето на живеалиштата во изминатите дваесет години доведоа до ова – додаде таа.

Групите за животна средина долго време тврдат дека статусот на зачувување на коалата треба да се надгради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот