Австралија за првпат во рецесија во последните 30 години

Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Пандемијата на коронавирус ја турна Австралија во рецесија за првпат во последните 30 години. Бруто домашниот производ (БДП) на земјата падна на седум отсто во второто тромесечие во споредба до претходното, според податоците на австралискиот завод за статистика.

Ова е најголем пад на австралискиот БДП од 1959 година од кога се бележат такви податоци.

Властите го припишаа ваквиот развој на ситуацијата на пандемијата на Ковид-19 и ограничувачките мерки, иако земјата оваа година беше погодена и од други непогоди како големите пожари во јануари, пишува „Си-Ен-Ен“.

Рецесијата претставува исклучителен пресврт за австралиската индустрија која имаше константен раст во изминатите 29 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот