Австралија испраќа над сто борбени транспортери во Германија

Ентони Албанез/ Фото EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во Берлин.

Германската одбранбена компанија Рајнметал во март почна со производство на борбено извидувачко возило Боксер во австралиската сојузна држава Квинсленд, според договорот за испорака на 211 возила на австралиската војска, со што ќе се отворат 1.000 работни места во Австралија во текот на една деценија.

Војната во Украина доведе до тоа европските нации да ја обноват својата воена опрема, што резултираше со договор со Австралија за извоз на германска воена технологија назад во Германија.

Албанезе ќе потпише начелен договор со германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната средба во Берлин во понеделник, изјави австралиски владин претставник.

Австралискиот премиер потоа ќе присуствува на самитот на лидерите на НАТО во Литванија во вторник.

Австралија е поканета на самитот на НАТО како партнер на Индо-пацифичката четворка, заедно со Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд. ј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот