Австралија им се извини на жртвите на талидомидот, лек кој предизивкал деформитети кај илјадници деца ширум светот

Австралија им се извини на жртвите на талидомидот, лек кој предизивкал деформитети кај илјадници деца ширум светот / Фото EPA-EFE/LUKAS COCH

Австралиската влада денеска формално им се извини на жртвите на талидомидот, лек што предизвикал деформитети кај илјадници деца ширум светот во 1950-тите и 1960-тите. Продажбата на овој лек без рецепт за утрински мачнини кај трудници и за несоница се претвори во најголемата трагедија предизвикана од производите на фармацевтската индустрија и стана позната како „трагедија со талидомид“.

„Им должиме извинување на Австралијците, жртвите на талидомид, и денес Австралија конечно се извинува за едно од најтемните поглавја во својата историја“, им рече премиерот Ентони Албанезе на преживеаните во парламентот на 62-годишнината од повлекувањето на дрогата.

Околу 150 преживеани во Австралија добиваат владина поддршка. Откако бил најавен како „чудесен лек“, талидомидот се препишувал од 1956 година како седатив за ублажување на мачнината кај трудниците, пренесува Би-Би-Си.

Од 1957 до 1961 година, лекот на германската компанија Грунентал го користеле околу пет милиони жени во околу 50 земји, користени се вкупно повеќе од 300 милиони дневни дози на талидомид во таблети од 100 милиграми.

Лекот имал застрашувачки ефект врз фетусите, а до моментот кога лекот бил повлечен од пазарот во 1961 година, помеѓу 10.000 и 20.000 бебиња биле родени со тешки деформитети, најчесто само со делови од рацете, нозете и стапалата директно прикачени до нивните тела, без уши, со тешки нарушувања на внатрешните органи, искривени лица и слично.

Неколку десетици илјади новороденчиња починале поради различни метаболички нарушувања. Не се знае бројот на абортуси кои мајките ги правеле во страв и паника. Во Австралија, гинекологот Вилијам Мекбрајд бил првиот што го вклучил алармот во 1961 година, откако забележал доцнење во развојот и фетални деформитети кај бремените жени кои го земале лекот.

Скандалот со талидомид се случил во многу земји, најмногу во Европа, но не и во САД. Френсис Келси, фармаколог кој работел во американската Администрација за храна и лекови (ФДА), не го одобрила фармацевтската компанија Ричардсон-Мерел пласирањето на талидомид на американскиот пазар.

Таа сметала дека податоците за безбедноста на талидомидот се недоволни и побарала дополнителни студии за неговата штетност. Келси ја спречил трагедијата со талидомид во САД со нејзината одговорна претпазливост и непопустливост наспроти барањата на фармацевтските компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот