Атрактивната „Кокаина“ е фатена со 20 килограми кокаин, на социјалните мрежи се претставувала како опасна девојка

Маријана М. (31) од Нови Сад која е уапсена вчера откако полицијата во автомобилот кој го управувала пронашла 20 килограми марихуана, две пакетчиња хероин, пет пиштоли и 20 парчиња муниција, се претставувала како опасна девојка на социјалните мрежи, фотографирајќи се со пиштоли.

Маријана која себеси се нарекува и „Кокаина“ е запрена вчера во Петроварадин, а правиот шок следел кога во нејзиниот багаж биле пронајдени дрога и оружје. Извори на некои белградски медиуми рекле дека се испитува дали Маријана го префрлала оружјето и дрогата за некоја организирана криминална банда или пак била искористена, не знаејќи што има во багажникот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Меѓутоа, теоријата дека била измамена е малку веројатна, особено ако се земе во предвид начинот на кој таа себеси се претставувала на социјалните мрежи, нејзиниот стил и активности.

Во стил на опасна девојка, која на својот Фејсбук профил објавува провокативни фотографии во црногорски хотели, Маријана обожавала да се фотографира со пиштоли, притоа оставајќи подетални податоци за нив во коментарите, на чија основа може да се заклучи дека таа се разбира во оружје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Интересно е што на својот Фејсбук профил означила и дека во 2019 година ја напуштила работата во Министерството за внатрешни работи, но како што медиумите претходно пренеле, таа никогаш не работела во полиција.

Таа моментално се наоѓа во притвор, а пиштолите пронајдени кај неа се пратени на вештачење за да се утврди дали се користени во извршување на некое кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот