Атлетико Мадрид завиен во црно, вчера почина талентиран фудбалер, а денеска клупска легенда

Шпанскиот тим во само 24 часа загуби двајца фудбалери, еден поранешен и еден кој требаше да биде иднината на клубот.

Вчера на 14. години почина Кристијан Минчола Санчез, а денеска на 70. години почина Хозе Луис Капон.

Според „Марка“, Капон ја загуби битката со паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана пред неколку години.

Капон го носеше дресот на Атлетико Мадрид од 1970 до 1980 година и успеа два пати да биде шампион на Шпанија, а освои и по еден Кралски куп и Интернационален куп.

Капон беше учесник во славното финале против Баерн Минхен во тогашниот Куп на европски шампиони во 1974 година кога Атлетико секунди го делеа од титулата бидејќи прими гол вопоследните секунди од средбата за 1:1. Во повторениот натпревар Баерн победи со 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот