Атлетико Мадрид утре го руши рекордот

EPA-EFE/OCTAVIO PASSOS

Атлетико Мадрид до утре треба да го реализира најголемиот трансфер во историјата на клубот, пишува „Марка“. Според весникот, Атлетико успеал да се договори со португалската сензација, Жоао Феликс од Бенфика.

Иако Бенфика демантираше дека е постигнат било каков договор, „Марка“ пишува дека шампионот на Португалија не се прашува многу за трансферот, Атлетико ќе ја активира клаузулата од договорот на Желикс, која изнесува 120 милиони евра.

Младиот фудбалер на крајот ќе заврши на „Ванда метрополитано“, тој веќе го прекинал одморот за да ги одработи лекарските прегледи и да може да стави потпис на договорот со шпанскиот тим.

Атлетико Мадрид се обидуваше да ја намали сумата што треба да се плати за Жоао Феликс со обидите да вметне неколку фудбалери во трансферот, но претседателот на Бенфика не отстапува, бараше да се активира клаузулата од 120 милиони евра, што на крајот и шпанците се согласија да ја платат целата сума. Официјалната промоција, според „Марка“ се очекува да биде во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот