Атанасов двата прекрасни гола му ги посвети на пријател кој неодамна почина

Селтик би можел да биде голем чекор во кариерата на Јани Атанасов/Фото: ФФМ

Екипата на Хајдук со 6:3 славеше над Локомотива  во четвртфиналето на хрватскиот куп, а два гола постигна Јани Атанасов, кои ги прослави со солзи во очите.

 

Атанасов прво постигна гол од мртов агол за 2:1 за својот тим, а потоа во финишот со прекрасен удар од 30-тина метри му донесе предност на Хајдук од 5.2, но наместо да се радува, тој головите ги прослави со солзи во очите бидејќи пред неколку дена почина неговиот најдобар пријател.

„ Откако знам за себе знам и за тебе , ти беше другар каков што секој би посакал да има до него.. Делевме тага , среќа , безброј убави спомени.. Ме остави да се борам сам , но знам дека ќе продолжиш да ме гледаш и да се радуваш на моите успеси .. Вечно ќе останеш во нашите срца!Почивај во мир БРАТ МОЈ“, напиша Атанасов на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jani Atanasov (@janiatanasov)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот