Атанасоски: Спроти изборите, од Бугарија можеме да очекуваме сè порадикални, понеумесни и поневеројатни изјави

Благојче Атанасоски

Во пресрет на изборите во Бугарија, можеме да очекуваме сè порадикални, понеумесни и поневеројатни изјави од сите политички чинители кај нашиот источен сосед, а особено од крајнодесничарските, изјави за „Слободен печат“ аналитичарот Благојче Атанасоски.

– Темата ,,Македонија“ им е главен резервоар на црпење на гласови, а со тоа и легитимитет! И оваа изјава за ,,непочитување“ на бугарските граѓани не треба да ја поимаме како нешто запрепастувачки, бидејќи одвај нешто остана што може да нè запрепасти! Секако дека е во насока на предизборниот политички фолклор, со кој се сака да се држи темата за ,,македонското прашање“ на пиедесталот и од неа да се ,,ловат“ гласови, свесно занемарувајќи ги реалните проблеми кои бугарските граѓани ги тангираат: огромата коруција, организираниот криминал, невработеноста, бесперспективноста и масовното иселување. За жал, на Балканот како давеник за сламка граѓаните секогаш се фаќаат за болните национални теми, како еден вид душевна сатисфакција од мизерниот живот кој го живеат со квалитет на живот далеку под европските стандарди – вели Атанасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот