Трошоци и приходи по семејство. / Фото: Архива на Слободен печат

АСО: За еден месец вложени 21 милион евра во неживотни осигурувања

Најпродавано осигурување останува осигурувањето имот со вложувања од 3 милиони евра за еден месец пред каско осигурувањето со 2 милиони евра и здравственото осигурување со 1,7 милиони евра. Јули е рекорден според продажба на неживотно осигурување пред сè затоа што значајно расте продажбата за задолжителното автомобилско осигурување, а тоа е резултат на регистрирани над 85.000 возила за само еден месец, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Вложувањата на граѓани, институции и компании во неживотно осигурување во јули достигнаа 1,29 милијарди денари. Ова претставува рекордно односно највисоко месечно ниво на вложување во осигурителни производи во првите седум месеци годинава, покажуваат официјалните месечни податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите 11 осигурителни компании кои продаваат неживотно осигурување.

Од сите класи на доброволни осигурувања, очекувано, најмногу пари се вложени во осигурување имот. Граѓани, фирми и институции склучиле над 14.000 договори во кои вложиле 184 милиони денари.

– На второ и трето место според продажбата на доброволни осигурувања во јули беа каско осигурувањето за моторни возила и приватното (дополнително) здравствено осигурување. Во осигурување на штети врз своите возила (каско) осигурениците во јули вложија 126,3 милиони денари (2,05 мил.евра). Тоа е раст од 9 отсто во однос на јуни годинава – велат од Агенцијата.

Од продажбата на приватно здравствено осигурување, според податоците од АСО, компаниите акумулирале 105,5 милиони денари.

– Вредно за истакнување е дека во ек на сезоната на летни одмори продажбата на патничко осигурување достигна ниво од 44,8 милиони денари (728.000 евра). Тоа е 16 отсто повеќе во однос на претходниот месец односно јуни. Раст на продажбата на патничко осигурување од 6 отсто има и во однос на јули лани – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот