Арсовски и Муслиу: Левица вчера беше означена како уривач на европските вредности

сашо орданоски, алберт муслиу, петар арсовски
Сашо Орданоски, Алберт Муслиу, Петар Арсовски / Утрински брифинг

Опозицијата излезе со многу тежок речник како што е „режим“, па вчера дури и „терористички режим“. Очигледно е дека работите во Македонија во овој момент ќе се движат ококу два столба на политиката: проблемот со Левица, која со минорно учество во парламентот прави блокада, и од друга страна ДУИ, за која полибералната јавност гледа како континуитет на Груевски. Сега ДУИ може да условува со нивните добри резултати на локалните избори.

-Собирањето на албанската опозиција како антипод на ДУИ беше евидентно, но линијата на евроинтеграции е клучна. Сепак, ДУИ беше означена како чувар на тие вредности, а Левица како уривач. Ако владата доживее неуспех во евроинтеграциите во декември, прашање е дали ќе преживее оти многу адути се вложија во овој наратив, вели Арсовски.

-Односите меѓу ДУИ и СДСМ нема да влезат во тензија. ДУИ може да испорача нови барања, но тоа нема да оди преку медиумите или јавно. Се докажа дека контактот со Левица е проблематичен, а камо ли некоја соработка, така што Левица не влегува во комбинација за какви било разговори. Само се надевам дека нема да се појави наративот на Левица кај албанските гласачи, вели Муслиу. -Клучно е како ќе се однесуваат нашите европски партнери.

Албанска интелектуална заедница вложува надеж дека Алтернатива со Села и Таравари може да бидат носители за смена на ДУИ.

-За политичките партии тоа е цел, за интелектуалците не е цел смена туку продолжување на процесите за кои се залагаме. За жал тие генерираа различни наративи, па ќе видиме како ќе се одрази. Албанските гласачи реагираат брзо на грешка, реагираат на тоа дали некој е спремен да се потпише на ист лист со Апасиев, вели Муслиу.

Дали со окрупнувањето на албанските политички партии СДСМ го загуби потенцијалот за добивање албански гласачи во услови кога изборот таму е голем.

-Ќе се намали, но ќе се зголемува гравитационата сила за коалицирање со алб партии. Ние сега имаме вистинска поделба по идеологија. Не би ме изненадиле и заеднички албанско-македонски листи на следни избори, Арсовски.

Муслиу: Парламентот не е младинска сцена па да се кажува сешто, Апасиев треба да извлече поука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот