Арсовска му возврати на ВМРО-ДПМНЕ: Училиштата и градинките ќе се градат, кога вашите советници ќе напишат законска одлука

Данела Арсовска прес/ Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Град Скопје реагира на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое ја обвинија градоначалничката Данела Арсовска, дека наводно стопирала градба на училишта градинки и спортски сали. Според Град Скопје, причината поради која граѓаните на Скопје нема да добијат нови училишта и градинки е поради тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ не напишале предлог-одлука која ќе биде спроведлива и во согласност со Законот.

Училиштата и градинките кои се финансирани од Владата ќе се градат кога за тоа Советот ќе донесе законски и спроведливи одлуки кои нема да бидат во спротивност со член 50 став (1) точка 6, член 62 став (3) од Законот за локалната самоуправа, член 59 од Законот за градење и член 114 од Деловникот на Советот на Град Скопје. За одлуките на ВМРО-ДПМНЕ да бидат спроведливи и законски, им недостигаат основни елементи како катастарски локации и за кои суми би требало градот да ги ослободи од комуналии што преставуваат фискални импликации по буџетот на градот, што ги прави во случајов тие предлог одлуки покрај неписмени, противзаконски и неспроведливи, и е прв пат во историјата на град Скопје некоја советничка група да донесе вакви одлуки, реагираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот