ВИДЕО: Арсенал на пенали го елиминираше Порто од Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

После Барселона, и екипата на Арсенал успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите.

Во реванш натпреварот од осминафиналната фаза играчите на Арсенал по пенал серијата го елиминираше Порто.

Откако во првиот меч Португалците славеа со 1:0, на стадионот „Емирати“ во Лондон Англичаните возвратија со ист резултат.

Стрелец на единствениот гол беше Тросар во 41 минута по асистенцијата на Одегар. Немаше погодоци во продолженијата, па победникот се одлучуваше со ударите од белата точка.

Арсенал на пенали славеше со 4:2, сите беа прецизни кај англискиот претставник, Одегар, Хаверц, Сака и Рајс, а на спротивната страна успешни пеналџии беа Пепе и Грујиќ, но не и Вендел и Галено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот