Армиски хеликоптер го гаси пожарот на Криволак, нема опасност од ширење

Фото: МИА

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој изби во близина на армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“.

Како што наведуваат од Министерството за одбрана и од ГШ, во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и поради слабиот интензитет на ветрот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо“.

Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и тие согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Утринава, интервенирајќи непрекинато три часа, со исфрлени 42 тони вода во атарот на Богданци, беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот