Архитектонска изложба: Женски придонес во обновата на Скопје

Изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ од 23 декември е поставена во Музејот на РСМ. Проектот е раководен од Здружението за поддршка и промоција на културата „Континео 2020“ – Скопје, а неговата цел е да се истакне рамноправното учество на жените архитекти во обликувањето на новиот животен простор на градот.

„Жените архитекти даваат значаен придонес кон архитектонската сцена во Социјалистичка Република Македонија, особено во периодот на постземјотресната обнова на Скопје. Периодот на 60-тите, 70-тите и раните 80-ти години е време на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други.

Образовани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри, како Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри, како Париз, Берлин, Виена, Прага, по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации архитекти“, посочуваат од „Континео 2020“.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, а изложбата ќе биде отворена за посета до 23 март 2022 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 111, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот