Арат: Кога ќе пораснам сакам да бидам како Меси! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/инстаграм

Детето се вика Арат Хосеини, родено на северот на Иран, моментно живее во Ливерпул и претставува интернет сензација благодарение на своите чудесни фудбалски вештини.

Има само шест години и неверојатно е тоа што може да прави со фудбалската топка и има дури 2.900.000 фанови на Инстаграм.

Помеѓу нив се дури и познати славни спортисти, како британскиот боксер Ентони Џошуа, фудбалската легенда на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд и шампионот на Европа со Ливерпул, Луис Гарсија.

 

Детето се вика Арат Хосеини, родено на северот на Иран, моментно живее во Ливерпул и претставува интернет сензација благодарение на своите чудесни фудбалски вештини.

Идол му е моментно најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

Арат има сон еден ден да игра за Барселона, самиот се споредува со Меси и вели дека сака да биде како него кога ќе порасне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот