Апликацијата „МојДДВ“ доби подобрена верзија

фото: Слободен печат

Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата „MојДДВ“ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата „МојДДВ“, како и секоја друга апликација подлежи на промени.

Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија.

Земајќи ги во предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки.

При тоа, системот „МојДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки коишто граѓаните досега ги скенирале.

Заклучно со 30.07.2019 година преку апликацијата „МојДДВ“ скенирани се 6,949,294 фискални сметки, остварен е промет од 3,529,985,093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381,833,364, додека повратот од 15 % изнесува 57,275,005 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот