Апелација ја одби жалбата Јанева да се брани на слобода

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Следното рочиште зa „Рекет“, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода. Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор. Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa „Рекет“, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет”, што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште ја прифати вината и доби три години казна затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот