Антиќ ја враќа струмичката кошарка
Со претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ и спортскиот директор, Тодор Гечевски како и со советниците за спорт во Владата, Даниел Димевски и Ѓорги Тасев, разговараа за враќање на сјајот на струмичката кошарка и создавање на нови кошаркарски имиња.
– Ја потврдив мојата заложба за континуирана поддршка, но и потенцирав дека треба сите заедно да соработуваме и да го дадеме максимумот за развој на спортот во општината – се зборовите на градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.
Своевремено КК Струмица доминираше во македонската кошарка, во натпреварувачката сезона 2006/07 овој клуб беше шампион во нашата лига.
Беа финалисти во македонскиот куп во 2007 и 2008 година, но по сезоната 2007/08 го откажа учеството во Првата лига и новоформираната Балканска лига поради финансиски проблеми.