Анѓушев-Пфортнер: Храбрите одлуки и спроведените реформи се од стратешко значење за иднината - Слободен печат

Анѓушев-Пфортнер: Храбрите одлуки и спроведените реформи се од стратешко значење за иднината

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Скопје се сретна со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија, Стефан Холтхоф Пфортнер, кој престојува во дводневна посета на земјава.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Анѓушев, вицепремиерот посочил дека Сојузна Република Германија е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичките и реформските процеси што се случуваат во Република Северна Македонија, како и најзначаен трговски партнер на нашата земја.

Тој додал дека членството во НАТО и добивањето на датум за отворање преговори со ЕУ, се многу важни за земјата, пред се затоа што се тоа реформски процеси со кои се обезбедува повисоко ниво на владеење на правото, како и стабилност на земјата.

– Економски раст и развој не е возможен без владеењето на правото и стабилна и сигурна држава, а токму во таа насока Владата продолжува со евро-атлантските интегративни процеси и со спорведувањето на реформи во сите области, посочи Анѓушев.

Тој воедно ги презентираше и резултатите во економијата, во однос на спроведените економски политики, при што истакна дека економските индикатори во изминатите две и пол години се на многу повисоко ниво во однос на периоди претходно.

– Изминатите две и пол години, паралелно со политичките процеси, бевме фокусирани и на креирање и имплементација на економски политики, со кои ќе обезбедиме побрз  и одржлив раст на економијата. Политиките се поставени на здрави основи и се базирани на поддршка на реалната економија. Како резултат на тоа сите економски индикатори бележат позитивни стапки на раст. Расте бруто домашниот производ, во 2019 бележиме раст од 3,6 отсто, што е значителен ако се знае дека само пред осум квартали економијата беше во негатива. Расте извозот, индустриското производство, просечните плати, а паралално се намалува невработеноста. Само со поддршка на реалната економија, економијата ќе продолжи да расте, а тоа ќе влијае и на подигнување на животниот стадард на граѓаните, потенцира Анѓушев.

Министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија кажа дека СР Германија ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија и дека со недонесената одлука за добивање датум за започнување преговори е направена историска неправда, која, како што рече, се надева дека ќе биде поправена во најскоро време.

Храбрите одлуки во изминатите две години, спроведените реформи и надминати предизвици се прашања од стратешко значење за иднината на државата и за граѓаните, заклучија вицепремиерот Анѓушев и министерот Пфортнер.

Прочитај повеќе

Стотици мигранти влегоа во Мексико, следна дестинација – САД

Слободен Печат

ПОЛСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ИЗГЛАСАА: Судиите кои ќе ги критикуваат одлуките на власта може да останат без работа

Слободен Печат

Иванка починала во САД, се собираат средства да ја погребаат во Штип

Слободен печат

Нови проблеми за Фолксваген: Возачите од Европа бараат отштета поради скандалот со издувните гасови

Слободен Печат

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени – постои реална закана за опстанокот на човештвото

Слободен Печат

Стејт департментот ги предупреди граѓаните кои патуваат за Кина

Слободен печат

Остави Коментар

fourteen + two =

Прочитај повеќе

Вучиќ: Србите и Хрватите ќе имаат подобри односи во иднина

Слободен печат

Земјотрес почуствуван во Ресен

Слободен печат

Дескоска: Предметите на СЈО се камен на сопнување околу Законот за ЈО

Слободен Печат

Мајк Пенс го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим

Слободен Печат

Одбележани 57 години од Елисејскиот договор во Скопје

Слободен печат

Парите од традиционалната обиколка за Водици во Бардовци дадени за лекување на малиот Ангел

Слободен Печат