Анѓушев најави дека ќе им се помогне вработените од „Охис“

Ќе направиме се што е во наша надлежност да им помогнеме на вработените во фабриката „Охис”. Сите материјали за овој случај се дадени кај надлежните институции и доколку се утврдат неправилности, ќе направиме се да се заштити правото на вработените, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на седницата за пратенички прашања.

Тој појасни дека стечајната постапка за „Охис” е завршена со ликвидација и оти она што останува е да се заврши исплатата кон вработените.

Она од што вработените не се задоволни е што наместо да им бидат исплатени пет милиони евра колку што им било побарувањето, ќе земат процентуално колку што зеле и другите доверители во стечајната постапка. Вработените се сомневаат, како што посочи Анѓушев, дека пред да почне стечајот, се случиле криминални дејствија.

– Како Влада можеме да постапуваме преку институциите како што се Финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи. Сите материјали од овој случај се дадени во овие институции. Тие не се во мојот Кабинет и јас немам увид во нив. Меѓутоа, ќе ја следиме состојбата и доколку се најдат наоди за некакви неправилности, ќе направиме се да се заштити правото на вработените, истакна вицепремиерот за економски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот