Ангеловски го знае „рецептот“ за пласман на ЕП 2020! (ФОТО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Најдобрите фудбалери ги завршија квалификациите на „историското“ трето место и веќе се фокусираат на новите настапи во Лигата на нации, иако до нив има уште нешто повеќе од четири месеци.

Потсетување во полуфиналето од плеј-офот дома ќе играме против Косово на 26 март 2020 год., а во втората полуфинална битка од Лигата „Д“ силите ќе ги одмерат Грузија и Белорусија.

Финалето е закажано за 31 март 2020 год., а како што најавуваат од УЕФА домаќинот на таа завршна битка ќе се дознае со ждрепка (22. ноември) од победниците во полуфиналните битки.

– Голема благодарност до сите кои учествуваа во квалификациите за Европско првенство 2020, играчите, стручниот штаб, медицинскиот тим и лицата задолжени за опремата како и лицата за обезбедување. Огромна благодарност до публиката и медиумите за поддршката. Само сите заедно сплотени можеме до крајната цел, ЕУРО 2020! МАКЕДОНИЈА СЕМЕЈСТВО!!! – напиша Ангеловски на Фејсбук.

принтскрин/фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот