Ангеловски: Добивме нови имиња во репрезентацијата – Слободен печат
СпортФудбал

Ангеловски: Добивме нови имиња во репрезентацијата

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници иако Македонија загуби од Австрија со 2:1.  Ангеловски е задоволен бидејќи во отсуство на неколку стандардни репрезентативци, шанса им даде на дури четворица дебитанти.

– Се одигра квалитетен натпревар, Австрија доминираше во првиот дел, примивме гол кој не смеевме да го примиме. Во вториот дел се ослободивме од притисокот, мислам дека Македонија беше сосема рамноправна на моменти и подобра, иако Австрија поведе брзо и со 2:0. Покрај голот имавме уште две-три одлични шанси. Добивме неколку нови имиња кои потврдија дека заслужуваат да бидат дел од националниот тим. Сите покажаа дека се заслужено тука, не само Влатко Стојановски. Кога ќе загубиш натпревар не може да се биде задоволен, но сите дебитанти заслужено се најдоа на теренот – вели селекторот.

Во последното коло во вторник, на Арената „Тодор Проески“ Македонија го пречекува Израел и со евентуална победа, ќе се дојде до третото место.

– Трето место сите го посакуваме, играчите заслужија да бидат трети на крајот и тоа со победа над Израел. Се надевам дека кошмарот ќе заврши со повредените играчи. Трајковски и Младеновски се повредија. Се надевам дека со повратниците во тимот ќе бидеме подобри. Пандев беше истоштен и мислам дека немаше потреба да ризикуваме. Не е сеедно дали сте трети или четврти, но ние се подговуваме за март и пласман на ЕУРО 2020 и тоа ќе биде награда за играчите – додаде Ангеловски. ,

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close