Ангеловска: Претпоставувам реакцијата на СБ е бидејќи се чека да се потпише овој заем

Писмото на СБ следува по серијата партиски препукувања на релација опозиција – власт за тоа како ќе се трошат парите наменети за борба против пандемијата.

Се ќе биде транспарентно, дописот од Светска банка е само уверување дека кога банката одобрила заем за Македонија ќе ја следи реализацијата на парите, вели министерката за финансии Нина Ангеловска како одговор на писмото со предупредување кое Владата го доби од оваа институција, а во кое се вели дека таа ќе контролира како се трошат од позајмените пари.

„Претпоставувам дека реакцијата е со цел, дека се чека да се потпише овој заем кој поминал кај бордот. Бидејќи се работи за заем за финансирање на социјална заштита, здравствено осигурување, за ранливи категории“, вели Ангеловска.

Заемот, појасни Ангеловска, беше преговаран пред две недели во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Министерството за здравство, кои треба да ги користат средствата за справување со Ковид-19 кризата.

– Бидејќи сме во техничка Влада секој еден предлог односно закон за задолжување го потпишуваме заедно јас и дополнителната заменик министерка, објаснува министерката за финансии.

Мораме, рече таа, да прикажеме и понатаму добра и конструктивна соработка, бидејќи навистина се справуваме со криза и во овие моменти најпотребна е добрата координираност, навременост и брзина од сите засеганти страни.

Писмото на СБ следува по серијата партиски препукувања на релација опозиција – власт за тоа како ќе се трошат парите наменети за борба против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот