Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе даде максимален влог за просперитет на македонската економија

Доколку сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите што ги имаме,  вели гувернерката, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска упати честитка по повод Новата година во која посакува успеси, совладани предизвици и нови перспективи.

– Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина, наведува во честитката.

Доколку сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите што ги имаме,  вели гувернерката, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни.

– Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа. Нека ни се исполнат желбите што силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот, истакнува гувернерката во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот