ВИДЕО | Андоновиќ: Падот на Фејсбук ја покажа зависноста на светот од социјалните мрежи

Фејсбук / Фото: ЕПА

Фејсбук се огласи преку Твитер, беше главниот куриозитет како последица од неколку часовниот пад на социјалната мрежа Фејсбук која вчера буквално го парализираше светот.

Иако официјалното соопштение од компанијата е дека причината за колапсот е „погрешната промена на конфигурацијата“ што спречила 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните мрежи и услугите за пораки како што се Ватсап, Инстаграм и Фејсбук, сепак безбедносните експерти не ја отфрлуваат можноста за ненамерна грешка, но и саботажа.

Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали е планирана. Неколкумина вработени во Фејсбук, кои сакаа да останат анонимни, за Ројтерс претходно рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на интернет сообраќајот.

Падот на Фејсбукот од глобалната мрежа беше вториот удар за гигантот на социјалните медиуми неколку дена откако компанијата беше обвинета дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Фејсбук ја загубија вредноста дури за 4,9 проценти, што е нивниот најголем дневен пад од ноември минатата година, пренесува Ројтерс.

Но, што покажа вчерашниот колапс на Фејсбук и на социјалните мрежи за во иднина?

Ја покажаа зависноста на светот од нивното користење. И самите медиуми низ светот запреа со работа бидејќи една од главниот пласман на информации е токму оваа, но и другите социјални мрежи. И самите корисници се информираат токму од нив а и комуницраат меѓу себе, па вчера малкумина навлечени на комуникациите преку социјални мрежи, се сетија дека можеби  можат и да се вратат на традиционалните комуникации, однсно да се јават на телефон.

Едно е сигурно. Пандемијата со ковид, Аферата Хавана и од вчера Пандора за финансиските малверзации наликуваат на забрзано менување на светот и влегување во некои нови случувања кои за сигурно го менуваат и начинот на досегашното функционирање на човештвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот