АНБ утре ќе добие нов директор, Димовски в четврток ќе реферира за државјанството на Онишченко

Изјава на Виктор Димовски по седницата на Собраниската комисија/Фото: Скриншот

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР ќе продолжи со работа во четврток во 12 часот, информира претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов, откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера потврди дека го добил извештајотод МВР во врска со снимката која протече од собраниската комисија на која реферираше директорот на АНБ Виктор Димовски. Премиерот Димитар Ковачевски пак, денеска на новинарско прашање потврди дека утре АНБ ќе добие нов директор.

-Утре ќе има нов директор на АНБ – изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Одговорност за овој случај со Онишченко мора да има и одговорноста мора да е во сооднос со штетата која и` е направена на Р. Македонија и граѓаните– вели Пренџов.

Џафери информира дека причините биле од технички карактер и дека комисијата ќе продолжи со работа, но во друга сала во Собранието.

Претседателот на Собранието не одговори дали некој ќе понесе одговорност за снимката.

Седницата Комисијата на која директорот на АНБ, Виктор Димовски реферираше за случајот „Онишченко“ сè уште не е завршена.

МВР го исготви извештајот и ги наведе причините за што пак и минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека ќе биде јавно објавен откако ресорното министерство го прати до претседателот на Собранието и до јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот