Анализа: Повеќе од 20% од глобалниот капацитет за рафинирање нафта изложен на ризик

REUTERS/Temilade Adelaja

Повеќе од една петтина од глобалниот капацитет за рафинирање на нафта е во ризик од затворање, открива енергетскиот консултант Вуд Мекензи во денешната анализа, бидејќи маржите на бензинот слабеат и се зголемува притисокот за намалување на емисиите на јаглерод,пишува „Reuters“.

Од 465 анализирани средства за рафинирање, консултантската куќа рангираше околу 21% од глобалниот капацитет за рафинирање во 2023 година под одреден ризик од затворање.

Во Европа и Кина се наоѓаат најголем број локации со висок ризик, ставајќи во опасност околу 3,9 милиони барели дневно капацитет за рафинирање, откри Вуд Мек, врз основа на проценката за нето паричните маржи, трошоците за емисиите на јаглерод, сопственоста, животната средина. како и инвестициската и стратешката вредност на рафинериите.

Околу 30 европски рафинерии веќе се затворени од 2009 година, покажуваат податоците од индустриското тело „Concawe“, а речиси 90 се уште се во функција.

Оваа серија на затворања е предизвикана од конкуренцијата од поновите и посложени погони на Блискиот Исток и Азија, како и од влијанието на пандемијата од „COVID-19“.

Маржите на бензинот се очекува да ослабат до крајот на оваа деценија, бидејќи побарувачката се намалува и санкциите кон Русија ќе се олеснат, додека очекуваните даноци за јаглерод, исто така, треба да почнат да се намалуваат, покажа анализата на Вудс.

Оперативните трошоци би можеле да се зголемат толку многу што „затворањето може да биде единствената опција“, вели Ема Фокс, постар аналитичар за масла и хемикалии на „Вид Мак“.

Меѓувреме, огромната нигериска рафинерија за нафта „Данготе“ би можела да ја прекине повеќедецениската трговија со бензин од Европа во Африка во вредност од 17 милијарди долари годишно, зголемувајќи го притисокот врз европските рафинерии кои веќе се изложени на ризик од затворање поради зголемената конкуренција.

Рафинеријата „Данготе“, со капацитет до 650.000 барели дневно, започна со производство во јануари, но не беше вклучена во анализата на „Вуд Мек“.

Седумте високоризични локации во Кина се независни рафинерии од мали размери. Понекогаш наречени „чајници“, овие рафинерии подлежат на построги владини регулативи и се натпреваруваат со поголеми интегрирани локации кои обично се во државна сопственост и со посложена поставеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот