Американскиот БДП во следниот квартал се очекува да падне за 7 проценти

Стапката на невработеност според статистиките ќе отскокне од 3,5 отсто пред почетокот на пандемијата на 12 проценти во второто тримесечје.

Економските активности во САД во вториот квартал годинава се очекува да опаднат за 7 проценти предвидува угледната независна организација составена од поранешни претставници на Конгресот и централната банка.

Според податоците на интернет, одборот за одговорна сојузна пресметка на оваа организација го сочинуваат некогашните челници на одборот за пресметки на Претставничкиот дом и Сенатот од републиканските и демократските редови како и поранешни членови на централната банка и владината служба за ревизија.

Според нивните проценки, американскиот БДП ќе опадне во следното тримесечје за најмалку 7 отсто, односно најмалку 28 отсто во однос на истиот временски интервал претходната година.

Стапката на невработеност според нивните математики би требало да отскокне од 3,5 отсто пред почетокот на пандемијата на 12 проценти во второто тримесечје.

Според нивните статистики годината ќе се заокружи со стапка на невработеност од 9 проценти.

Од оваа организација нагласуваат дека станува збор за прелиминарни оценки и дека и во наредниот период можни се понатамочни економски пореметувања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот