Американски пратеник кој во Конгресот одбиваше да носи маска, заболе од ковид-19 (ВИДЕО)

До сега најмалку седум пратеници во американскиот Конгрес, како во Сенатот така и во Претставничкиот дом, заразени од коронавирус се и тројца вработени во Белата куќа.

Републикански пратеник, кој за време на престојот во американскиот Конгрес редовно одбиваше да носи маска за лице, е позитивен на коронавирус, потврди самиот во твит во средата.

Луи Гомерт, кој требаше да патува со американскиот претседател во Тексас, по доаѓањето во Белата куќа рутински е прегледан и тестиран, а тестот покажал дека е позитивен на коронавирус, извести Политико, повикувајќи се на различни извори.

Гомерт после тоа призна дека во средата при влезот во Белата куќа имал брз тест кој се покажал позитивен, а после тоа уште еден брис покажал дека е заразен.

Во видеото кое го објави на Твитер рече дека нема симптоми, но „очигледно го имам вирусот од Вухан“, користејќи го поимот кој претходно го користеше Доналд Трамп за да го опиште вирусот кој правпат е откриен во овој кинески град.

До сега најмалку седум пратеници во американскиот Конгрес, како во Сенатот така и во Претставничкиот дом, заразени од коронавирус се и тројца вработени во Белата куќа.

Гомерт во новото видео на Твитер објави дека сепак почнал да носи маска.

Гомерт оваа недела беше заедно со државниот јавен обвинител на седница на одборот за правосудство и според снимките пред седницата биле во близок контакт и никој не носел маска.

„Изминатата недела или две носев маска повеќе отколку во претходните четири месеци и ја носев на седница на одборот“, рече тој.

Овој пратеник од Тексас и претходно ја бранеше својата навика да не носи маска, тврдејќи дека редовно се тестира и во одредена мерки ги измејуваше луѓето кои носат маски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот