Американската амбасада во Багдад е поголема од Ватикан, изградбата чинеше 700 милиони долари

До 2009 година, американската амбасада беше сместена во претседателската палата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусаин.

Американската амбасада во ирачкиот главен град, Багдад е најскапа, најголема и најчувана амбасада во светот. За кратко време стана мета на напади од страна на иранските шиитски милиции, но и ирачките демонстанти.

Амбасадата зафаќа површина поголема од Ватикан, или 42 хектари. Има 21 зграда, продавници, трговски центри, ресторани,  училишта, противпожарна станица.

Амбасадата се наоѓа во т.н. Зелена зона во Багдад, покрај крајбрежјето на Тигар.

До 2009 година, американската амбасада беше сместена во претседателската палата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусаин. Изградбата на новата амбасада, американските даночни обврзници ги чинеше околу 700 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот