Американска армија призна дека убила цивил во Сомалија

Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Американската армија призна дека убила еден цивил и ранила тројца други во воздушен напад во Сомалија на почетокот од годинава.

Ова е втор во новата серија на квартални извештаи издадени од американската војска за воздушни напади во Сомалија и наводи за смртни случаи меѓу цивили, по притисокот од групите за човекови права.

Новиот извештај ги потврдува наводите во врска со воздушниот напад на 2 февруари кога беше објавено дека еден припадник на екстремистичката група ал Шабаб е убиен во близина на Џилиб.

– Сега, кога имаме признание, мора да има одговорност и отштета за жртвите и нивните семејства, изјави Брајан Каснер од Амнести Интернешнл.

Организацијата за човекови права минатата година објави истрага за американските воздушни напади во Сомалија, што доведе до тоа САД да признаат дека убиле пет цивили раниле шест во три одвоени воздушни напади.

САД минатата година извршија најмалку 63 воздушни напади врз Сомалија, најмногу против ал-Шабаб, која честопати извршува смртоносни напади во главниот град Могадишу и контролира големи делови од централниот и јужниот дел на Сомалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот