Алушовски: Направивме голем чекор кон освојување на титулата

фото: Слободен Печат/Драган Митревски

Ракометарите на Вардар ја покажаа моќта во дерби пресметката со Е. Пелистер и славеа со 35:27, а тренерот на „црвено-црните“ вели дека ова е голем чекор кон освојување на титулата.

– Најпрво честитки на Пелистер на фер и коректната борба. Пред се во одбрана изигравме извонреден меч. Мислам дека крајниот резултат не е вистински одраз за тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, но што е тука е. Некој да ни понудеше осум разлика пред мечот сигурно ќе прифатевме. Им честитам на моите ракометари на пожртвуваноста и карактерот кој што го покажаа. Се што догоривме испочитувавме и мислам дека ова е голем чекор на освојување на 14. титула на Вардар во домашното првенство – се зборовите на Стевче Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот