Алушовски: На маката се познаваат јунаците

фото: еурофарм работник

Екипата на Еурофарм Работник в недела против Савехоф ќе ја брка втората победа во дебитантскиот настап во ракометната Лига на шампионите. „Фармацевтите“ во првата пресметка со шведскиот тим загубија на неверојатен начин (25:24) откако прокоцкаа предност од пет голови.

– Савехоф ни е еден од должниците оваа сезона во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Не можеме да реализираме добар тренажен процес и подготовка за дуелите после Веспрем.

Имаме негативна серија, но спремни сме за Савехоф. Добро го анализиравме ривалот, верувам дека дел од повредените ракометари ќе ни помогнат да ја извојуваме втората победа во Лигата на шампионите. Савехоф е незгоден противник, доаѓа од ракометна земја, млада екипа е што сака многу да трча. Иако сме кратки во ростерот, на маката се познаваат јунаците и верувам во втора победа во Лигата на шампионите – вели тренерот Стевче Алушовски.

Голем хендикеп за битолчани ќе претставуваат проблемите со повредите на неколку ракометари, и токму поради тоа, фаворитската улога голманот Никола Митревски му ја препушта на противникот.

– Сметам дека Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Имаме многу рековалесценти, незаздравени ракометари, како на натпреварите, така и на тренинзите. Се забележува дефицитот во одбраната, немаме ротација и на тоа се должат убедливите 2-3 порази минатиот месец. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика – смета Митревски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот