Алиоски и Лидс на еден бод до учество во Премиер лигата

фото:твитер

Денеска уште една важна победа за играчите на менаџерот Марсело Биелса, откако на домашен терен со 1:0 го совладаа Барнсли.

Единствениот погодок на натпреварот се случи во 28 минута од средбата кога автогол си постигна Солбауер.

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски настапи од 49 минута како замена за Коста.

После 26 триумф сезонава, клубот од „Иланд роуд“ е на само еден бод до учество во Премиер лигата следната сезона.

На две кола до крајот на сезоната во Чемпионшип, Лидс е на првото место со 87 бодови, пет повеќе од второпласираниот Вест Бромвич, а на третата позиција е Брентфорд (81).

Во следното 45 претпоследно коло Лидс на 19 јули ќе му гостува на Дерби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот