Алијанса на Села утре пред клучна одлука

Зијадин Села во гостување на ТВ21 / 29 октомври 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Алијанса за Албанците на Зијадин села утре треба да донесе конечна одлука дали ќе се приклучи на една од албанските коалиции или нема да настапува на овие избори. Причина за ваквата ситуација е судскиот спор со кој треба да се донесе конечна одлука на кого му припаѓаат печатите на партијата.

Села вели дека утре на состанок на Централното Собрание ќе се донесе одлуката за идните чекори.

Дел од медиумите објавија дека веќе паднал договор за заеднички настап со ДУИ, а села веќе си обезбедил и неколку пратенички места, четири, односно пет пратеници доколку коалицијата на изборите освои над 20 мандати.

Доколку се приклучи кон коалицијата предводена од ДУИ, неофицијалните информации се дека тој ќе биде носител на листата во ИЕ 5, а кандидатите за пртатеници од алијанса, со оглед дека нема да го имаат потребниот печат од партијата ќе бидат запишани како независни кандидати.

Доколку се испостави дека ваквите шпекулации се вистинити тоа ќе значи дека Села ќе биде во коалиција и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого имаше сериозни несогласувања и откако ја формираше фракцијата Движење за реформи во ДПА, ја напушти партијата и ја формираше Алијанса за Aлбанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот