Алегри призна дека Роналдо заврши со Јувентус

Новиот напаѓач на Манчестер јунајтед има „индекс резултат“ 100/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека Кристијано Роналдо повеќе се не гледа како член на тимот и поради тоа нема да биде во конкуренција на настап против Емполи во второто коло од Серија А.

Роналдо утринава се појави во тренинг центарот на Јувентус каде се поздрави со соиграчите, си ги зеде своите работи и ги напушти просториите пред да започне утринскиот тренинг.

Тоа само ги подгреа шпекулациите дека неговиот трансфер во Манчестер сити е речиси готов, а на денешната прес-конференција, Алегри потврди дека Роналдо повеќе не се гледа како член на „старата дама“.
– Роналдо ми кажа дека нема намера да остане во Јувентус и затоа утринава не тренираше и нема да биде во комбинација за настап против Емполи – изјави Алегри.

Кристијано Роналдо по три години го напушта Јувентус без освоена титула во Лигата на шампионите, што во летото 2018 година беше главен мотив за неговото доаѓање во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот