Албанија повеќе има пристап до мобилни телефони отколку до тоалети

Фото: Илустрација

Пристапот до хигиена, особено да се има тоалет со вода во стан, е една од 30-те одржливи цели на глобалниот развој. Затоа што тоалет со вода во стан е оценет како суштински фактор за хигиената во семејството и во спречување на заболувањата и епидемиите како резултат на нивен недостаток.
Но, во последната деценија се чини дека мобилната технологија, иако не толку важна за животот, напредува толку многу што употребата на телефонски услуги го надмина пристапот до тоалет. Овој тренд ја опфати и Албанија.

Процентот на луѓе во светот со претплата за мобилни телефони сега е поголем од оние што користат санитарни услуги. Во 2000 година, само 12% од глобалното население беа корисници на мобилни телефони. Во 2015 година, нивото на корисници на мобилни телефони беше близу 97%.

Ова зголемување кај корисниците на мобилни телефони го надминува бројот на луѓе кои користат барем основни санитарни услуги и нормални тоалети. Во 2015 година, скоро 70% од глобалното население користеле најмалку основни санитарни услуги, стапка која се зголемила само за 10 процентни во последните 15 години.

Во Албанија во 2018 година корисниците на мобилните услуги достигнаа до 4.143.603, што значи дека 41% од населението поседува повеќе од една телефонска картичка. Во 2003 година имало само 1,1 милиони корисници. Додека според најновите мерења на ИНСТАТ во 2011 година, околу 78% од Албанците имале пристап до тоалет со проточна вода внатре во станот. Од 2003 до 2018 година, бројот на телефонски корисници се зголемил за четири пати, додека пристапот до нормален тоалет не се движел со тоа темпо, пренесува Балканвеб повикувајќи се на Монитор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот