Албанија нема да го екстрадира во Хаг припадникот на ОВК, Дритан Гоџај

Фото: EPA-EFE/ROBIN UTRECHT

Апелацискиот суд во Тирана денеска ја укина одлуката на првостепениот суд и го одби барањето за екстрадиција во Хаг на поранешниот припадник на ОВК, Дритан Гоџај, уапсен на 11 јули годинава во Тирана, по барање на Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг.

Исто така, судот целосно го ослободи од обвинувањата подигнати откако на социјалните мрежи објави сомнителни тајни докази за Хаг.

За Гоџај, Обвинителството во овој случај работи за правно-политичките интереси на Србија и Русија, осудувајќи ја правичната војна на албанскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот