Албанија: Четириесет лица приведени по вчерашните протести на опозицијата

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

По синоќешните протести на опозицијата, и по прегледот на безбедносните камери, албанската полиција започнала акција за приведување на демонстрантите кои учествувале во насилните настани, етикетирани како „проблематичн “.

Балканвеб јавува дека како „проблематични “ биле оценети 68 лица, а 40 од нив се веќе уапсени.
Од друга страна се информира дека 10 полицајци се повредени со тврди и пиротехнички предмети, кои биле фрлени кон нив. Меѓу повредените се и четворица демонстранти. Албанската опозиција најави нови протести на 8 јуни и бара предвремени парламентарни избори.

Реакција за протестите во Албанија стигна и од меѓународната заедница која повика на смиреност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот