Албанец товарил 2 тони марихуана скриена меѓу овошје и зеленчук и тргнал кон Европа, падна во Црна Гора

Полиција во Црна Гора / Фото: МИА

Во Црна Гора денеска во заедничка акција на полицијата и Царинската управа, се запленети над два тони марихуана додека едно лице, државјанин на Албанија е уапсено.

Целта на заедничката координирана акција на полицијата и царината била да се пресече меѓународен канал за криумчарење на на наркотици од Албанија кон Црна Гора и потоа кон земјите од Западна Европа.

На граничниот премин Божај денеска пристигна товарно моторно возило со кое управувал Е.Ц. (40) државјани на Албанија. На Царина е пријавена транзитна пратка со овошје и зеленчук наменета за земјите од Западна Европа. Со детален преглед на стоката, кој го извршиле службеници за сузбивање на криумчарњето, откриени се девет палети на кои се наоѓала опојна дрога марихуана со вкупна тежина од околу два тони“, пишува во заедничкото соопштение на Управата на полиција и Царинската управа.

„Оперативните податоци укажуваат на тоа дека организирана криминална група активна на подрачјето на Албанија, извршила обид за криумчарење на тони марихуана кон Западна Европа. Во тек и натаму е спроведување на меѓународна истрага со полицијата од Албанија и полициите од земјите на Европската унија“, заклучува телевизијата.

Исто така, во тунелот Созин полицијата денеска запре возило и пронајде 107 килограми марихуана, а возачот исто така е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот