Актерката која побегна од Скиентолошката црква повторно го критикува Том Круз: „Тој со години манипулира и глуми дека е добра личност“ (ВИДЕО)

Актерката Леа Ремини уште како девојче била член на Скентолошката црква. Откако ја напуштила  оваа организација во 2013 година, започна јавно да ја критикува, а нејзините критики се уште траат. Ремини во многу интервјуа зборуваше за тоа како е да се биде дел од Скиентолошкта црква, а најгледани се оние кај Челси Менинг и Џо Роган.

„Бев казнувана и бев сметана за непријател, а кога се посветив на фамилијата, ни забранија да зборуваме помеѓу нас“, рече Ремини за одлуката која ја натерала да ги отвори очите, во интервју околу четири години подоцна, во 2016 година.

„Том е свесен што е Скиентологијата. Тој е свесен дека е религиска организација која ги „презема“ луѓето од нивните животи. Сметам дека е време луѓето да се разбудат и да ги отворат очите за да ги видат вистинските факти. Том Круз веќе со години преку манипулација гради имиџ на добра личност. Иако верувам дека постоело време кога Том бил пристојна и срдечна личност, полека се претвара во некој како Дејвид Мискавиги и потполно е предаден на мисијата на сциентолоцијата да ја „исчисти“ планетата Земја – што значи да претвори 80% од светското население во скиентолошко“, изјави Ремини неодамна за Том Круз.


Леа Ремини издаде автобиографска книга „Troublemaker: Surviving Hollywood and Scientology“, а има и серија која се занимава со темата за напуштање на Скиентолошката црква и последиците од таа одлука. Актерката исто така го води и подкастот „Scientology: Fair Game“.

Ова не е прв пат Ремини да го нападне Том Круз – таа неодамна, за признанието ја пофали актерката Тенди Њутон која изјави дека ѝ било страв од Том Круз за време на снимањето на вториот филм во серијалот „Mission: Impossible“.

Танди Њутн го прокоментира односот со Том Круз: Беше доминантен и се плашев од него на снимањата

„Тоа признание бара огромна храброст и кога повеќе луѓе би проговориле на таков начин и би имале таква храброст мислам дека би можеле да постигнеме нешто“ заклучи Леа.

Леа Ремини / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Скиентолошката црква во Германија се смета за противуставна секта, а во Франција е класифицирана како опасен култ. Освен во САД каде Скиентолошката црква се смета за религиска институција, но и во Колумбија, Индонезија и Хрватска.

Инаку, по скандалозниот развод на Том Круз со Кејти Хилмс, тој ја нема видено нивната заедничка ќерка Сури веќе седум години. Светот беше шокиран од деталите на Кејти за тоа како е да се биде дел од скиентолошката црква, па по разводот таа и Сури ги прекинаа сите контакти со Том, се додека тој не ја напушти религијата.

Кејти Холмс / Фото: Профимедиа

Блиските пријатели на Кејти не биле изненадени со нејзината одлука за развод, бидејќи, како што откриваа тогаш, таа покрај Круз целосно ја изгубила самодовербата и паднала во депресија поради начинот на живот што ѝ бил наметнат по бракот.

 

Во интервјуто за „ИнСтајл“, актерката реши за првпат да прозбори за стресот што го доживеала откако се разведе со Том Круз.

 

„Тој период беше напнат и интезивен. Сето тоа привлече големо внимание, а имав и мало дете. Многумина кои дотогаш не ги познавав, на крајот ми станаа пријатели и многу ми помогнаа“, рече Кејти.

Кејти Холмс и ќерката Сури / Фото: Профимедиа

Актерката се присети и на еден возач на такси, кој многу ѝ помогнал во една од потешките вечери што ги преживеала.

„Беше неверојатен момент и мислев дека се распаѓам. Сури имаше 6 или 7 години и ја носев да спие кај нејзина пријателка. Стигнавме пред зградата, а возачот на таксито ми помогна, ја отвори вратата, ја зеде во раце и ја донесе до зградата за да не се разбуди. Беше неверојатно љубезен“, се присети Холмс.

Mагазинот „НВ“ пишуваше дека Кејти Холмс западнала во тешки финансиски проблеми. Всушност, медиумот тврдеше дека актерката е пред банкрот. Кејти остана без финансии и поради тоа неодамна ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за 6 милиони долари, само за да „застане на нозе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот