Ако пропадне трансферот во Барселона, Левандовски има уште две опции

Левандовски по репрезентативните активности со Полска нема намера да се враќа во Минхен/фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Сагата околу Роберт Левандовски и неговото заминување од Баерн Минхен продолжува, но од ден во ден се понеизвесен станува трансферот во Барселона.

Полскиот репрезентативец не крие дека сака кариерата да ја продолжи токму во Барселона како и дека повеќе не се враќа во Минхен, но каталонскиот тим поради големите финансиски проблеми не може да го реализира трансферот.

Долговите на Барселона изнесуваат околу 1,3 милијарда евра и поради тоа не може да ги регистрира засилувањата за следната сезона, Андреас Кристенсен и Френк Кеси, а не може ниту да го плати обесштетувањето што го бара германскиот тим.

Иако челниците на Баерн постојано изјавуваат дека нема да го продадат Левандовски, германските медиуми пишуваат дека доколку пристигне понуда помеѓу 40 и 50 милиони евра, ќе го пуштат одличниот напаѓач.

Доколку не направи трансфер во Барселона, Левандовски има уште две опции, Челси и ПСЖ.
„Сините“ во Левандовски го гледаат идеалното решение во нападот, посебно откако Ромелу Лукаку целосно разочара, а се подготвени како дел од евентуалниот трансфер да го испратат Тимо Вернер во Минхен.

Интерес за потпис со Левандовски пројавува и ПСЖ кој доколку го донесе Полјакот на „Паркот на принцевите“ дефинитивно би го продал Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот