Ако изгледате постаро од вашата возраст, веројатно сте склони на овие болести

Фото: Wikimedia Commons

Доколку изгледате постаро од вашите школски другари, ова може да биде причина за загриженост, е пораката на холандските научници, пишува „Дејли мејл“.

Еве зошто…

Истражувачите предупредија дека ако вашиот изглед не се совпаѓа со вашата возраст – годините, односно ако изгледате постаро, тоа може да биде знак дека сте изложени на поголем ризик од болести како остеопороза, губење на слухот и катаракта.

Анализирајќи го здравјето на 2.700 луѓе, холандските научници дошле до заклучок дека оние кои изгледаат најмладо во споредба со нивната возраст имаат подобри способности за размислување. Тие, исто така, биле помалку изложени на ризик од здравствени проблеми поврзани со возраста.

Значи, ако изгледате постаро од вашите школски другари, тоа би можело да биде причина за загриженост.

Луѓето на возраст меѓу 50 и 90 години прво биле анализирани врз основа на фотографии од нивните лица, а потоа биле прашани за нивните медицински проблеми. Резултатите откриле дека учесниците кои изгледале пет години помладо од нивната реална возраст имале подобри вештини за размислување.

Студијата подразбирала 27 независни луѓе да ја проценат возраста на секој учесник во истражувањето врз основа на фотографии од нивните лица. Нивните фотографии биле составени, а како што им било кажано, прикажувале жени и мажи на возраст од околу 70 години, но лицата биле на возраст од 60, односно 80 години.

Утврдено е дека оние кои изгледаат помладо од нивната возраст имаат една четвртина помала веројатност да страдаат од медицински проблеми како што е катаракта.

„Ова не е конечна студија, но веројатно е најдобрата студија досега што дава докази дека перцепираната возраст, исто така, го одразува внатрешното стареење. Тоа јасно покажува дека нешто се случува, веројатно на биолошко ниво и надвор од вообичаените фактори на животниот стил, како што се изложеноста на УВ-зраци или пушењето“, се вели во извештајот од истражувањето.

Истражувачите собрале слики – направени од предната страна и од страна – од 2.679 луѓе кои не носеле никаква шминка или накит, а учесниците во просек имале по 66 години. Независниот панел од 27 луѓе потоа ја проценил возраста на секој од нив врз основа на нивниот изглед.

Секој волонтер добил оценка за староста, пресметана со земање на разликата помеѓу нивната возраст и нивната проценета возраст. На пример, некој за кој се сметало дека изгледа седум години помладо од својата биолошка возраст, би имал оценка од седум. Колку бил поголем резултатот, тоа значело дека лицето изгледало помладо.

Откако ја процениле нивната старост и ги пресметале резултатите, експертите го анализирале нивниот начин на живот, телесна тежина, навики за пушење и здравствена состојба. Наодите, објавени во „Британскиот журнал за дерматологија“ (British Journal of Dermatology), откриле дека групите кои изгледале пет години помладо од својата возраст имале подобри резултати на когнитивните тестови.

Исто така, овие луѓе имале 15 отсто помала веројатност да страдаат од хронична опструктивна белодробна болест – состојба на белите дробови што предизвикува тешкотии со дишењето – и 24 отсто биле помалку изложени на ризик од остеопороза.

Луѓето кои изгледале помладо, исто така, имале 16 отсто помали шанси дека ќе им биде потребна операција поради катаракта и 24 отсто помал ризик од губење на слухот поради староста.

Тимот забележал дека оние со највисоки возрасни оценки се главно мажи (61 отсто), пушеле поретко, но имале највисок БМИ, што според нив, најверојатно е последица на „ефектот на маснотии на лицето“. Значајно е тоа што нивните наоди, базирани само на набљудувачки докази, ја поддржуваат идејата дека лекарите го користат изгледот на една личност како „дијагностичка трага“.

Истражувачите сметаат дека биолошките процеси кои предизвикуваат лицето да изгледа постаро – како што се помалку маснотии и развој на брчки – исто така стојат зад промените во густината на ткивата и коските, кои се поврзани со здравствената состојба. Но, бидејќи луѓето вклучени во студијата се Европејци, потребни се нови студии за да се испита дали нивните наоди се однесуваат на различни популации.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот